Меморијалниот туризам претставува запознавање и збогатување на знаењата од областа на историјата и културата за одредена историска локација: град, регион или една нација.Цели на меморијалниот туризам се:да се посведочи за историски настани, да се објаснат овие настани и да се објаснат од денешна гледна точка, да се предочат на идните генерации преку соодветни образовни методи и да се помош во економскиот развојот на овие локации.
За време на Големата војна или Првата светска војна,битолскиот регион беше сведок на многу крвави битки од тоа време.Овде армиите на Антантата (Италијанци, Французи, Срби, Англичани и Грци) и Централната Оска (Австроунгарците, Германците, Бугарите и Турците), војуваа на Македонскиот Фронт или Солунскиот Фронт на падините на Кајмакчалан – Ниџе планина.Во историските архиви е запишано дека илјадници и илјадници локано македонско население беше насилно регрутирано да војува од двете завојувани страни,а повеќе од еден милион војници учествуваа во воените дејствија на овие простори,каде се одиграа и неколку од најкрвавите битки од Првата светска војна на овој фронт.Само за пример ќе посочиме дека двата најгранатирани и уништени градови за време на Првата светска војна биле Верден во Франција и Битола во Македонија.
Со нашите понуди за меморијални тури ќе имате единствена можност да ги посетите овие места.

Битката кај Добро Поле

БИТКАТА КАЈ ДОБРО ПОЛЕ Најважната и решавачка битка на Македонскиот фронт Тргнувајќи од претходно договорена локација, нашиот лиценциран планински водич, со теренско возило 4х4 џип, ќе ве поведе на 10-12 часовна авантура…

Коментарите се исклучени на Битката кај Добро Поле

КАЈМАКЧАЛАН

КАЈМАКЧАЛАН Кајмакчалан е највисокиот врв на планината Ниџе (2.521м) и клучна позиција за време на Првата светска војна. Битката кај Кајмакчалан останала запаметена по големиот број на жртви кои ги претрпеле и…

Коментарите се исклучени на КАЈМАКЧАЛАН

БУНКЕРИ И РОВОВИ Тајната за КОТА 1050

Тајната за КОТА 1050 - Македонски Фронт Тргнувајќи од веќе претходно договорена локациа во Битола, нашиот лиценциран водич со теренско возило 4х4 ќе ве однесе на 8-9 часовна авантура на една од…

Коментарите се исклучени на БУНКЕРИ И РОВОВИ Тајната за КОТА 1050