За Маунтаин Солушн

 

Маунтаин Солушн, е мал тим , пријателски настроен кој го сочинуваат посветени професионалци, специјализирани за водење планинарски авантури, во кои нудиме високо ниво на професионално искуство, знаење и вештини во планинарењето, високогорството и скијањето.

Во зима нашата програма содржи  авантури со ски санки и ATV квадрицикли.    Незаборавно искуство  и возење низ стрмни и неоткриени терени. Возењето со моторна санка и ATV е вистинско адреналинско уживање! И највисоките врвови сега се достигнуваат со нас!

Во лето се фокусираме на , 4×4 Џип сафари тури, меморијални тури околу историски локации од Првата светска војна.

За првпат во Македонија од 2020 година можете да уживата во адреналинска КАЊОНИНГ тура, во кањонот на Градешка река во Мариово.
Се надеваме дека ќе уживате сурфајќи низ нашиот веб-сајт, ќе бидете инспирирани од нашите понуди и дека набрзо ќе бидете во можност да ни се придружите во планините!

Ве поздравуваме со нашето мото:  ДОЈДЕТЕ КАКО КЛИЕНТ-ЗАМИНЕТЕ КАКО ПРИЈАТЕЛ

 

« на 3 »

 

Save