8. Три дневна тура Големо Езеро – Антена – Брајчино

 

Драг вљубенику во природата,
Локацијата на која се наоѓаш е една од најпосетуваните дестинации на професионалните и аматерските планинари од целиот свет. Постојат повеќе причини  за тоа но најважната од сите е фактот дека ова е најатрактивниот дел од планината односно срцето на строго заштитената зона од најстариот Национален парк во земјата и пошироко – ,,Пелистер“. Големо Езеро, заедно со Малото Езеро, кое се наоѓа во негова непосредна близина, заради својата убавина популарно се наречени ,,Пелистерски очи“.  Големото Езеро оформено на висина од 2.218м, претставува едно од највисоките глацијални езера во Македонија. Неговата најголема должина изнесува околу 230 метри, ширината  162 метри, а длабочината достигнува до 17 метри. Проѕирноста на водата со синозеленикава нијанса достигнува до 12 метри. Температурата на површинскиот слој во текот на јули и август се движи меѓу 13 и 17° С, додека во зимскиот период езерото замрзнува.

Ден 1

НИЖЕ ПОЛЕ – ГОЛЕМО ЕЗЕРО

Walking distance: 3.73 mi. / 6 km.
Elevation   min: 1131 meters   max: 2216 meters
Uphill: 1040 meters   down: 19 meters
Type: One way

 

Ден 2

ГОЛЕМО ЕЗЕРО – МАЛО ЕЗЕРО / МАЛО ЕЗЕРО – ВРВ ПЕЛИСТЕР

Walking distance: 1.86 mi. – 3 km.             Hiking distance: 2.49 mi. – 4 km

Elevation min:2189 m max:2262 m           Elevation min:2174 m  max:2601 m

Uphill:49 m down:81 m                              Uphill:407 metresdown:38 metres

Type: One way                                             Type: One way

  

Ден 3

ГОЛЕМО ЕЗЕРО – с.БРАЈЧИНО

 

Патеката започнува од планинарскиот дом на Големо Езеро и отаму преку т. н. Француски пат од Првата светска војна се пристигнува до седлото пред Орлови Бари и се продолжува до преслапот од Преспанската страна на Баба планина. Отука преку повеќе серпентини во цик-цак линија пратејќи ги старите ровови и бункери од Првата светска војна се пристигнува до месноста наречена Панорама каде се влегува во атарот на селото Брајчино. Патот не води пред шумскиот појас покрај една мала чешма и напуштеното бачило под врвот Марушица. Постепено од отворениот дел од планината се преоѓа во  шумскиот дел од планината кој е обраснат со дабови и букови стебла и го следи течението на Брајчинска река. На само 2 км оддалеченост пред селото патеката ја преминува рекичката преку мостот во непосредна близина на црквата Св. Илија и се движи по шумскиот пат кој води покрај старата пилана влегувајќи во село Брајчино од крајниот источен дел. Времето потребно за да се изоди оваа патека со должина од 17 км  е околу 5 часа.

« на 4 »

Save