Маунтаин Солушн е регистрирана компанија која  дава услуги од областа на планинарски водичи и спасувачки услуги низ планините на Република Македонија, посебно во делот на Пелагониско-Преспанскиот регион со акцент на Националниот парк Пелистер, Ниџе-Кајмакчалан планината и мариовскиот регион.
Зад  нас се многу години на планинарско искуство и илјадници задоволни клиенти од целиот свет.

 

Маунтаин Солушн, е мал тим , пријателски настроен кој го сочинуваат посветени професионалци, специјализирани за водење планинарски авантури,во кои нудиме високо ниво на професионално искуство,знаење и вештини во планинарењето, високогорството и скијањето.
Нашиот тим, сите ние, имаме пасија за планините и имаме решителност во намерата да ја споделиме таа пасија со сите други и имаме посветеност да го пренесеме нашето големо планинарско искуство до секоја индивидуа во нивната намера да ги постигнат своите цели на планина. Наша цел е да се осигураме дека вашето искуство со некоја од нашите Маунтаин Солушн понуди ќе ги задоволи вашите очекувања од нас. Во нашите понуди ќе најдете понуди за мали групи на клиенти со пропорционален сооднос на планинарски водич,познавач на локалните прилики и безрезервен пристап кон сите наши клиенти како да се специјални Придружете ни се во планините и откријте зошто Маунтаин Солушн ги поставува стандардите во водењето планински тури во нашата убава планинска земја.

 

Во зима нашата програма содржи скијање по необележани стази,тур-скијање од планинарски дом до планинарски дом како и курсеви за инфо показни-тренинг вежби за планински и лавински опасности. Во лето се фокусираме на високогорство и планинарење, 4×4 џип сафари тури, меморијални планинарски тури околу историски локации од Првата светска војна, трекинг тури околу црквите и манастирите во Националниот парк ,,Пелистер“ и многу други содржини… Ние нудиме тури кои се достапни за сите генерации-од почетници во планините па сѐ до искусни скијачи и планинари кои се во потрага на врвен предизвик.
Се надеваме дека ќе уживате сурфајќи низ нашиот веб-сајт, ќе бидете инспирирани од нашите понуди и дека набрзо ќе бидете во можност да ни се придружите во планините!

Ве поздравуваме со нашето мото:

ДОЈДЕТЕ КАКО КЛИЕНТ-ЗАМИНЕТЕ КАКО ПРИЈАТЕЛ

« 1 на 7 »
Save

Save