Владимир Јанакиевски

Комбинација од супер ентузијастички водич и наставник по скијање, кој успешно ги спојува двете спротивни улоги во својот професионален живот како наставник. Во лето, водич во планините, а во зима на ски терените, ги учи младите за магијата на скијањето, а останатите скијачи како да го подобрат својот стил и скијачки техники.

vladimir-janakievski

ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНО ИСКУСТВО, СЕРТИФИКАТИ

Роден-1986
Магистратура од факултетот за физичко образование, спорт и здравје -титула професор за физичко образование, спорт и здравје; Сертификат за завршена обука “Не оставај трага-центар за етика во природа”; Ски инструктор при Ски Федерацијата на Република Македонија; Сертификат за успешно завршени основни и специјализирани курсеви за спасување на планина; Член на тимот за планинско спасување при Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија; Член на планинарски клуб ПСК “Пелистер”.

Јазици: Македонски, Англиски, Јужнословенски јазици

Во моментот работи за Mountain Solution, во ски-центарот Копанки при Националниот Парк Пелистер, на одржување на безбедноста на обележаните ски-патеки, евакуирање на повредените од ски-патеката и прв одговара при скијачки незгоди.
Неговата најголема љубов е да работи со деца и да ги учи за моторните функции за правилен и здрав развој на детскиот организам.

 

 

Written by 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.