Петар Нолев

Основач на компанијата Mountain Solution
Неговата љубов кон планината почнува од најрана возраст и од тогаш планината и природата се негов начин на живот. Неговото долгогодишно планинарско искуство го прави еден од најдобрите планински водичи во Република Македонија.

ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНО ИСКУСТВО, СЕРТИФИКАТИ

Роден-1978
Сертификат за завршена обука за планински водач со А лиценца-издадена од Федерацијата за планински спортови на Република Македонија-член на UIAA (Меѓународната Федерација за искачување и планинарство) и BMU (Балканската планинарска унија).
Бројни сертификати за основна и специјализирана обука за заштита и спасување на планина, потрага и спасување во урбана средина и сертификати за учество во интернационални воени и цивилни вежби и обуки со цивилно сценарио. Член на USAR (Урбана потрага и спасување) и на тимот за планинско спасување при Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија; член на ПСК “Пелистер”.

Јазици: Македонски, Англиски, Јужнословенски јазици

Петар има искуство во водењето и организирањето на речиси сите експедиции кои Mountain Solution ги понудила и организирала почнувајќи од искачувања во целосно зимски услови, скијачки експедиции, ски тури, курсеви за планинарење и престој во недостапен терен.
Во моментот работи за Mountain Solution во ски-центарот Копанки при Националниот Парк Пелистер на одржување на безбедноста на обележаните ски-патеки, евакуирање на повредените од ски-патеката и прв одговара при скијачки незгоди.

 

Written by 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.