Искачувањето го направиме по повод денот на независноста на Р.Македонија – 8ми Септеври.
Акцијата започна на 05.09 во доцните часови, тргнавајќи од Битола преку Србија, Хрватска, Словенија и пристигнување до местото Lucknerhaus 2241 мнв. На паркингот пред Lucknerhaus пристигнавме во поладневните часови на 06.09.2017 од каде и тргнавме кон планинарскиот дом Studlhutte 2801 мнв каде претходно имавме резервирано ноќевање. Планот ни беше утрото на 07.09.2017 да се искачиме до следниот дом а воедно и највисокиот дом во Австрија Еrzherzog-Johann hutte3454 мнв и таму да преспиеме, па наредниот ден да 08.09.2017 за денот на независноста на Р.Македонија да го искачиме и Grossglockner. По кратка пауза во домот а и претходно анализираните временски прогнози одлучивме истиот ден да го искачиме Grossglockner 3798 мнв и да се вратиме во домот Еrzherzog-Johannhutte. На врвот се искачивме сите 5 членови, но поради лошото време не можевме да се задржиме подолго време освен за неколку фотографии.