Ден 1

Национален Парк Маврово

Пристигнување и сместување во хотел (околу 2-4 часа), вечера и ноќевање.

Ден 2

Планинарење:
Национален Парк Маврово – Бистра – пешачка тура до Меденица

(8-10 часа предвидено време за престој на планината, со посета на трло за овци – презентација како се прави сирење на традиционален начин.) Трансфер до Охрид за ноќевање.
Меденица (2169 м.н.в.) е највисокиот врв на планината Бистра. Лоцирана во западниот дел од Македонија, Бистра претставува срцето на Мијачкиот регион. Името на врвот Меденица буквално доаѓа од зборот “мед”. Овој регион од Македонија е доста познат по влијанието на македонската култура во минатото. Од тука потекнуваат многу фолклорни херои, уметници, писатели, копаничари… Карактеристично за овој крај денес е тоа што поради миграцијата село – град, останаа да живеат уште многу малку жители, распоредени во околните села на планината   Бистра (Галичник, Тресонче, Гари, Росоки, Лазарополе…). Од врвот Меденица има прекрасен поглед на целиот овој регион. На западната страна има одличен поглед на Кораб (2764м.н.в.) – највисок врв во Р.Македонија, а на северната страна се гледа Мавровското езеро. Бистра е многу живописна планина каде што можат да се видат: диви коњи, снег во Јули,овци, разни тревки и чаеви и многу друго…

Ден 3

Планинарење: Национален Парк Галичица

Врв Магаро (8-10 часа предвидени за планинарење, одмор, набљудување на планината),  ноќевање во Охрид и  можност за попладневна посета на Охрид.
Галичица е планина која се простира помеѓу границата на Република Македонија и Албанија. Македонскиот дел од планината е прогласен за Национален парк на Р.Македонија и се наоѓа помеѓу двете најголеми природни езера во Македонија- Охридското и Преспанското Езеро. Се простира на површина од 227 квадратни километри (88 mi²).
Флората во Националниот  Парк Галичица е застапена со повеке од 1000 видови, од кои голем број на реликтни и ендемски видови на кои како крајна граница на нивното простирање претставува планината Галичица. Најкарактеристично е присуството на неодамна откриените 11 видови локални ендемитети кои исклучиво живеаат само на падините на Галичица и никаде повеќе, така да сето ова говори за специфичната поврзаност на флората во Н.П.Галичица. Во овој момент интезивно се работи на флората во националниот парк зато што има индикации дека бројот на ендемитети ќе се зголемува.  Од врвот на Галичица се простираат прекрасни видици и погледи на околните планини и езера. Највисок врв е Магаро (2254 м.н.в.)

Ден 4

Трансфер до Битола – Национален Парк Пелистер
(Копанки – Јоргов камен – Бор чешма – Ластојчин камен).

Планинарска тура од 4-6 часа низ најубавата и ендемска борова шума – Молика на висина од 1300 м.н.в. до 1700м.н.в. Можност за попладневна посета на Битола.
Националниот Парк Пелистер се наоѓа во рамките на општина Битола, Република Македонија. Паркот се простира планинскиот масив Баба и покрива област од 171.5 квадратни километри(66.2 sq mi). Просечна висина на паркот се простира помеѓу 927м.н.в. и 2601м.н.в. и измеѓу се среќава извонредна флора и фауна. Секако во флората најзначајно е присуството на пет-игличестиот бор Молика (латински Pinus Peuce), уникатен вид од ерата на Кенозоикот кој што е присутен на само неколку планини на Балканскиот Полуостров. Убавината на пејсажите е надополнета со различноста на див свет: мечки, срни, волци, диви свињи, зајаци, неколку видови на орли, еребици – камењарки, алпски чавки и ендемската Македонска – Пелагониска пастрмка.
Пелистер е најстариот и вториот по големина национален парк во Р.Македонија. Тој е еден од водечките туристички дестинации во земјата, бидејки е препознатлив како еден од скијачките центри воМекедонија, заедно со Охрид, Преспа, Дојран, Попова Шапка и Крушево. Од Пелистер се простира одличен поглед кон Пелагониската долина, Преспанското Езеро, планината Ниџе – Кајмакчалан, Галичица, Јакупица, Мариово и градот Битола. Исто така Пелистер е една од нај-јужните планини на Балканот со алпски карактеристики. Пелистер е исто познат по двете глечерски езера кои се познати како Пелистерски Очи. Големото Езеро е на 2218м.н.в., додека Мало Езеро е на 2180м.н.в. и тие се извори на многу реки. Климата во Националниот парк Пелистер е разнолика.

Ден 5

Транспорт до село Ниже Поле  1300м.н.в. Пешачка тура – река Сапунчица се до Големо Езеро 2218м.н.в.

4-6 часа планинарење во еден правец – ноќевање во планинарскиот дом. Можност да се продолжи со планинарење до другото глечерско езеро – Мало Езеро, 40 мин. во еден правец или се до врвот Пелистер 2601м.н.в.околу 2 часа во еден правец и враќање назад во планинарскиот дом, околу 5-6 часа се заедно.

Ден 6

Преспанско Езеро

Планинарење до село Брајчино,4-6-часа, ручек во село Љубојно (свежа речна пастрмка) и опција за пливање во Преспанското Езеро. Трансфер до хотел во Битола.

Ден 7

Мариово

Планинарење во Мариовскиот регион низ предели каде модерната цивилизација сеуште нема пристигнато. Во зависност од кондицијата на групата и поединците во неа, предвиден е и адреналински час – премин преку голема река со Алпска-Тиролска траверза, или Зип Лајн од околу 50 метри. Исто така е предвидено и посета на локално село каде ке се има можност да се проба локална и традиционална храна, карактеристична за овој регион. Можност за преспивање таму или во Битола.

Ден 8

Препорачуваме градска тура низ Битола – посета на Хераклеа Линкестис (антички град), Битолскиот музеј, старата чаршија … Поздравен ручек со групата и трансфер.

    Фото галерија: Планинарски тури

« 1 на 5 »

Written by 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.