Со цел, збогатување на нашата понуда и исполнување на желбите на нашите клиенти, ви ја претставуваме можноста да почувствувате вистинско 6×6 оф-роуд искуство со теренското воено возило Пинцгауер 6×6. Овие тури ги препорачуваме за личности кои се интересираат за сѐ што е поврзано со вистинска авантура, комбинирана со лоши, калливи и прашинасти патишта, не многу удобно возење каде единствена регулација на климата се прозорците од возилото. Идеално би било кога ова возило би  го ставиле во комбинација со некоја од нашите понуди за тура од меморијалниот туризам од Првата светска војна, за да добиете пореален впечаток од целата авантура.

 

Интерeсни факти за Пинцгауер 6×6

Пинцгауерот е воено теренско возило со највисоки перфоманси. Неговите способности во многу операциони сценарија се покажаа како подобри дури и од американското Хамви и Ленд Ровер-Дефендер.

  • 45° косина со можност за тргнување
  • 100% падина, или сѐ додека гумите ја допираат подлогата
  • 700 милиметри (27.6 in) длабочина во вода
  •  Дирекно преку препреки од ѕид  до 360 милиметри (14.2 in)
  • 43.5° бочен агол
  • 1500 кг товар (6×6)
  • 335 милиметри (13.2 in) најниска положба (најниска точка при максимален товар)
  • Максимална брзина (6×6): 100 километри на час (62 mph)
  • Максимално искористување на моторната сила при  4 км/ч (2 mph)
  • Максимален број на патници  -14  (6×6)

PINZGAUER_01

 

Save

Save

Save

Save

Written by 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *