Планинарски дом на Големо Езеро 2218m

 

Капацитет:

Шест големи спални соби со капацитет од 4 до 12 кревети. Вкупно 30 кревети и околу 20 дополнителни душеци. Во три од собите има греење на шпоре на дрва. Има една голема трпезариска просторија со поголем капацитет и греење со шпорет на дрва. За секој посетител кој ке одлучи да ноќева во домот има чиста постелнина и волнени ќебиња.

Во близина на домот има силен извор на чиста и студена вода. Тоалетот е полски и се наоѓа на 30-тина метри од домот. Во домот има скромна кујна, кујнски прибор  и е достапна за секој посетител. Исто така во домот има различни зачини и маслиново масло за секој посетител бесплатно. Но за целосно уживање во вашиот престој во домот ви  предлагаме да ја вкусите традиционалната македонска храна и пијалоци, произведени во локаните села која што ние ќе ви ја обезбедиме.

Работно време

За време на летните месеци (од почетокот на мај се крајот на октомври) планинарскиот дом е отворен во викендите а можно е да се отвори и во другите денови, дури и во зима, но само со претходна најава и договор). Во домот има мал агрегат кој работи на бензин и произведува елекрична енергија со јачина до 3kw/h. Агрегатот работи во вечерните часови. Во домот има опрема за прва помош со која можат да се третираат различни повреди, алергии и други медицински проблеми од помал обем.

Важно

Сепак најдобро ви препорачуваме да не контактирате доколку се одлучите да не посетите, се со цел да добиете најточни информации околу слободни места во домот, состојбата со вода за пиење, храна, струја, временската прогноза,условите на планинарските патеки и многу други корисни информации.

« на 2 »