Планинарски дом Големо Езеро – Пелистер
Планинарско Спортскиот Клуб “Пелистер поседува и одржува два планинарски домови во рамките на Националниот Парк Пелистер – Големо Езеро и Копанки.
Големо Езеро 2218 м.н.в. 
Кога зборуваме за нас, мора да напомениме дека сите ние сме посветени и верни членови на најстариот регистриран планинарски клуб(1935 год.) во Република Македонија, кој е најтрофеен и најнаградуван планинарски клуб во нашата земја. Планинарскиот клуб Пелистер беше основоположник на македонското национално планинарско движење и стана силен и напреден спортски планинарски клуб кој ги постави темелите на организираното планинарење и скијање во нашата земја. Токму затоа огромно е нашето задоволство дека токму од нашиот клуб потекнува првиот македонец кој го освои највисокиот врв на светот – Монт Еверест и најголемите имиња во историјата на македонското планинарење и скијање,а ние сме горди што ја чуваме и продолжуваме оваа традиција на клубот.
Планинарски дом “Димитар Илиевски Мурато”