Мариово и Кањонот на Црна Река

Тргнувајќи од претходно договорена локација во Битола, нашиот лиценциран водич во планина со теренско возило 4×4, ќе ве однесе на 8-9 часовна авантура низ едно од најубавите, најчистите, најеколошки и најверојатно, последни места на планетата земја каде што модерната цивилизација сѐ уште не допрела.
На оваа прекрасна авантура ќе имате можност да видите природни убавини, планински предели, да дишете чист воздух и да уживате во длабока дабова шума низ која брзаат малечки реки и потоци со чиста и ладна вода.


Низ патувањето пределите ќе се менуваат од длабоки шуми, па сѐ до крајолик кој наликува на пустина, од длабоки долини па сѐ до планини, од населени па сѐ до целосно напуштени села. Ќе поминиме низ и над најдолгиот кањон во Република Македонија, 70 километарскиот долг кањон на втората најдолга река во Македонија, Црна Река. Исто така ќе имаме можност и да испешачиме до еден од најубавите камени мостови во овој регион и да ја посетиме старата воденица во негова близина.


Некаде горе во планините ќе посетиме и место на кое во античкиот период се наоѓал рудник за најпознатиот минерал во Мариово, Момирокот или латински Лискун.
Исто така ќе имате шанса да се запознаете со руралниот начин на живот во мариовските села, кои се карактеризираат со уникатна градежна архитектура, во која се користат само природни материјали за градба, како камен, кал и дрво. И овде доколку сакате може повторно да ги вкусите и да се потсетите на одамна изгубените вкусови на домашен леб, овчо сирење, мед, суво месо, свежа салата, овошје и многу други јадења карактеристични за овој крај.

    Фото галерија

« на 3 »