Кањонинг

Mountain Solution нуди вид на туризам во кој туристите прават некои авантуристички активности како дел од  Авантуристичкото патување, односно активност за слободно време што се одвива во необична, егзотична, оддалечена или пуста дестинација, вклучувајќи некаква форма на неконвенционални средства за превоз и има тенденција да биде поврзана со ниско или високо ниво на активност.

Со помош на професионалец, ќе можете да се справите со повеќе пречки и да стигнете подалеку во кањонот отколку што инаку би можеле.

Основачот на компанијата Mountain Solution и водичот при овие адреналнски кањонинг тури, Петар Нолев, ни истакна дека кањонингот е погоден за поединци, парови, поголеми групи и семејства и додаде- сезоната трае од Мај до Октомври.  Ова е активност за која не ви треба искуство. Единствено потребни ви се основи  во пливање и афинитет кон  адреналинска авантура.

Кањонингот е всушност авантуристичка активност која подразбира поминување – пешачење низ кањони, притоа совладувајќи природни препреки како на пример, водопади, каскади, природни базени (вирови) и слично. Оваа 4 часовна Авантура – се одвива на локацијата во Кањонот на река Градешка (Мариово).

Како дел од оваа авантура е и испробувањето на традиционалните јадења на овој регион каде ќе имате  прилика да  ги пробате старите вкусови заборавени во урбаните места –  домашен леб, овчко сирење, мед, месо,  салати и овошје, автентични  за овој регион.

Доколу сè уште не сте го испланирале следното адреналиснко патување низ убавините на нашата земја, пробајте ја новата адреналинска активност на отворено – кањонинг. Контактирајте ги Mountain Solution – Adventure Tours Macedonia за да се придружите во ова уникатно безбедно искуство. 

Опрема која што ние ви ја обезбедуваме:

  • Неопренски водоотпорни одела  4mm (од врат до стопала)
  • Body Harness
  • Шлемови
  • Останата  техничка опрема (јажиња, карабинери, алпинистички појаси, алатки за спуштање итн.)

Опрема што треба самите да си ја понесите:

  • Чевли за планинарење или патики (тие ќе бидат водени после кањонингот)
  • Костим за капење (купачи)
  • Крем за заштита од сонце
« of 2 »