Кањонинг

Кањонингот е авантуристичка активност која подразбира поминување – пешачење низ кањони, притоа совладувајќи природни препреки како на пример, водопади, каскади, природни базени (вирови) и слично. Во таа прилика може да се користат различни вештини на пешачење и техники на качување и спуштање, спуштање со јаже, пешачење по експониран терен или воден тек, протнување низ тесни процепи, скокање во вода и пливање. Кањонингот  е комбинација на повеќе активности. Повеќето од нив се искачување, одење по реката, скокање од една карпа до друга и минување низ брзаци.

Сезоната трае од Мај до Октомври.  Ова е водена активност за која не ви треба искуство. Единствено потребни ви се основи  во пливање и афинитет кон  адреналинска авантура! Кањонингот е погоден за поединци, парови, поголеми групи и семејства.  Со помош на професионалец, ќе можете да се справите со повеќе пречки и да достигнете подалеку во кањонот отколку што инаку би можеле.

4 часовна Авантура – Спуштање, Лизгање, Пливање во Кањонот на река Градешка (Мариово)

Тргнувајќи  од Битола,  лиценциран  водич ќе ве  поведе на незаборавно авантуристичко патување низ најубавата,  еколошки најчистата и од човек недопрена  природа -Областа Мариово. После 1.30 час возење низ најгоелмата  долина пелагонија, се влегува во областа Мариово и кањонот на Црна Река.

Тука се прави мала за разгледување на кањонот и с епродолжува кон селото  Зовиќ и реката  Градешка како почетна  точка на кањонингот. Во Зовиќ  следува брифинг  за активностите  што следуваат, и  после  облекувањето на водоотпорни одела, заштитни шлемови, појаси и  останата опрема се влегува во кањонот и  следуваат  3-4 часови во пешачење низ кањонот.

ПОсле излегувањето од кањонот, се пешачи 15 минути назад  до почетната точка. Тука или  во друго село кое  е предвидено со турата, предвидене традиционален ручек каде ќе имате  прилика да  ги пробате старите вкусови заборавени во урбаните места –  домашен леб, овчко сирење, мед, месо,  салати и овошја, автентични  за овај регион.

Ќе бидете сведоци и на руралниот начин на живот во Мариово, ќе  ја разгледате  и карактеристичната уникатна архитектура на куќите, изградени  со природни материјали – камења, кал и  трски и дрва. После ручекот се враќаме во Битола.

Опрема која ја обезбедуваме:

  • Неопренски водотпорни одела  4mm (од  стопала до врат)
  • Појаси за тело
  • Заштитни шлемови
  • Останата техничка опрема  (јажиња, карабинери, итн )

Опрема што треба да ја понесете со себе:

  • Чевли за пешачење или лесни патики
  • Купачи

Секој  учесник  ќе добие  Писмо за сериозност во кое е опишана целата тура, детали, можните опасности, сигурносен план и истото треба да бид епотпишано  пред почетокот на авантурата.

« of 2 »